Додевски: Судот незаконски издал наредба за притвор и потерница за Сеад Кочан

Од:

Судот незаконски пред правосилноста на Решението за притвор против осомничениот Сеад Кочан издал наредби за притворање и за издавање потерници што претставува флагрантно прекршување на принципот на владеење на правото, вели адвокатот Никола Додевски.

Во неговото соопштение е наведено дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 сторил незаконитост и без законска основа навел дека жалбата не го задржува извршувањето на решението за определување мерка притвор.

Врз основа на таква незаконитост Првостепениот суд издал наредби за притвор и за издавање потерници на осомничениот Сеад Кочан уште пред решението да стане правосилно.

За Решение со кое што Кривичниот Совет на Првостепениот суд определува мерка притвор не е поинаку определено со закон туку во законот воопшто не е предвидено дека жалбата не го задржува извршувањето на решението со кое кривичниот совет определил мерка притвор, пишува адвокатот на Сеад Кочан во своето соопштение.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната