Најмалку 24 загинати при одрон на земјиште во Етиопија

Од:

Најмалку 24 лица загинаа, а 28 други се повредени денеска при одрон на земјиште на депонија во предградие на главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

При одронот на депонијата Коше целосно се урнати 30-тина импровизирани живеалишта.

Градоначалникот на Адис Абеба, Дириба Куме изрази стравување дека ова нема да биде конечен биланс на жртвите, бидејќи уште околу 30 лица се водат како исчезнати.

Според проценката на некои од жителите на депонијата, во моментот на несреќата на тоа место имало околу 150 лица.

Куме најави дека властите ќе преземет мерки за згрижување на сите лица што живеат на депонијата.

Како што јави ДПА, пред неколку години градските власти ја затворија оваа депонија, создадена поред повеќе од 50 години, но неодоамна беа принудени повтороно да почнат да ја користат за допонирање отпад и смет, бидејќи локални фермери во знак на протест поставија блокади на пристапните патишта кон новоизградената депонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он