Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се сметаат за исчезнати во одрон на земјиште на отпад, во предградие на главниот град на Етиопија – Адис Абеба.
Градоначалникот Дириба Куме соопшти дека досега се пронајдени 15 тела.
Во одронот се целосно урнати неколку импровизирани куќи и други објекти.
Според проценката на некои од жителите, во моментот на несреќата на тоа место имало околу 150 лица.