Лидерот на табелата во француската Лига 1 Монако постигна победа на денешниот дуел од 29.коло. Монако го победи Бордо со 2:1, а сите голови беа постигнати во вториот дел. Монако поведе со головите на Килиан Мбапе во 68.минута и на Жоао Мутињо во 74.минута, а голот за гостите го постигна Диего Ролан во 84.минута.
Вечерва од 20 часот се играат натпреварите: Генгамп – Бастија, Монпеље – Нант, Нанси – Лил и Рен – Дижон.
На вчера одиграните натпревари Ница – Каен 2:2, Олимпик Марсеј – Анже 0:0.
Утре се играат дуелите: Сент Етиен – Мец, Олимпик Лион – Тулуз и Лориен – ПСЖ.
Табела: Монако 68 бодови, Ница 63, ПСЖ 62, Олимпик Лион 47, Олимпик Марсеј 45, Бордо 43,…