Тренерот на Јувентус, Масимилјано Алегри во пресрет на вечерашниот натпревар со Милан е претпазлив и упати многу пофални зборови за „росо-нерите“.
– Нема да биде лесно. Милан имаше неколку добри резултати последниов период и е екипа која никогаш не се откажува. Подготвени се брзо да се трансформираат од одбрана во напад. Имаат одлична техника и брзи фудбалери. Големата бодовна разлика меѓу двете екипи на табелата не е гаранција за сигурна наша победа. Очекувам тежок и рамноправен меч, изјави Алегри.
Јувентус е актуелен шампион на Италија и лидер во Серија А со осум бодови предност пред второпласираната Рома. Милан по 27 одиграни рунди е седми со 50 бода, односно 17 помалку од Јувентус.
Почетокот на натпреварот е во 20 часот и 45 минути и ќе се игра на „Јувентус Арена“ во Торино.