Путин: Задоволни сме што се подобруваат односите со Турција

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин се сретна денеска со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, при што разговараа за ситуацијата во Сирија, каде се одвива заедничка воена акција на двете држави.

Русија и Турција во декември минатата година се изборија за запирање на огнот, благодарение на што е намален бројот на судири меѓу силите на сирискиот претседател Башара ал Асад и опозицијата.

– Многу ми е драго да кажам, а малку кој ќе очекува, нашите војски да соработуваат ефикасно и заеднички, изјави рускиот претседател.

Претходно оваа недела, главните воени претставници од Русија, САД и Турција се состанаа во Анталија.

На состанокот го разгледуваа прашањето за дополнително решение со кое ќе се избегнат инциденти и ќе се обезбеди доверба меѓу сириските сили, кои ги поддржува Турција, курдските сили кои ги поддржува САД, и силите на сириската Влада кои ги поддржува Русија на патот до Рака, де факто престолнината на Исламската држава.

Ваквата блиска соработка меѓу Турција и Русија означува пресврт во односите, бидејќи овие две земји поддржуваат различни страни во граѓанската војна во Сирија.

Питин истакна оти му е драго што односите се подобрени.

Ердоган нагласи дека руските лидери ги гледа како „драги пријатели“.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија