Дебата на тема за странските инвестиции во Република Македонија ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН).
На настанот ќе бидат дискутирани повеќе аспекти од политиките за привлекување странски инвестиции во Македонија, како успешноста на оваа владина политика, степенот на реализација на странските инвестиции и ефектите од истите.