Жените заработуваат помалку од мажите, КСС бара еднаквост

Од:

Жените во просек заработуваат 12,5 проценти помалку во однос на мажите, а и потешко се вработуваат на одредени работни места, покажуваат последните податоци со кои располага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Поради ова, а по повод Меѓународниот ден на жената, денеска Конфедерацијата на слободни синдикати побара трудот да се вреднува подеднакво и да не постои полова дискриминација при вработувањето.

Генералниот секретар на КСС Зоран Антовски им порача на работодавачите при вработувањето да ги земат предвид образовните критериуми и професионалните ветшини на кандидатот, а не да се прави поделба на работите на машки и на женски.

– Македонските компании при вработувањето треба да го ценат квалитетот и да водат сметка за способноста на лицето, а не да се водат од родовата нееднаквост. За жал, околу 10 проценти се жени на менаџерски позиции, а би требало овој број да биде поголем, рече Антовски.

Даниела Јаневска од Секцијата на жени при КСС смета дека во Македонија сеуште постои родова дискриминација и стереотипи и оти тоа е она на што треба во иднина да се работи.

– Според последните објавени податоци, жените заработуваат за 12,5 проценти помалку од мажите што значи дека на годишно ниво жената 33 дена во годината е неефективно платена. Платата треба да биде резултат на трудот, независно од полот, истакна Јаневска.

Од КСС посочуваат дека многу често жените ги надминуваат мажите во секоја фаза од образованието, но оти тоа не е вреднувано на работното место.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите