Почина професор архитект Славко Брезоски

Од:

Почина претставникот на повоената генерација македонски архитекти, професор архитект Славко Брезоски, чие авторско присуство е одбележано во знакот на Модерната.

Архитектонкси опус на Брезоски го сочинуваат многубројни проекти и реализации, во широк програмски дијапазон и со разнообразен архитектонски израз. Меѓу позначајните негови остварувања се објектите на Соборен храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Стоковна куќа и Комунална банка во Скопје, Работнички дом (Дом на синдикати) во Скопје, амбасадата на СФРЈ во Бразилија, хотел „Славија“ на Попова Шапка, хотел „Неда“ во Галичник, спомен дом на Шамарица во Хрватска и многу други.

Добитник е на први награди на повеќе домашни и меѓународни архитектонски конкурси. Носител е на наградите „11. Октомври“ на Република Македонија, „13. Ноември“ на град Скопје, наградата за животно дело и особени достигувања од областа на архитектурата и градителството „Андера Дамјанов“, признание за исклучителен придонес во развојот на инженерската струка во Република Македонија од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

Комеморативната седница ќе се одржи во петок на 10. март годинава со почеток во 11:00 часот на Архитектонскиот факултет во Скопје, а погребот е закажан во сабота 11. март во 11:30 часот на градските гробишта во Бутел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски