Управата за водење матични книги во Кочани преместена во поранешни простории на ПИОМ

Од:

Подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги во Кочани од оваа седмица се наоѓа во нови простории, кај поранешниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

Новите простории се обезбедени со шалтерски систем и просторија за администрација, а вработени се неколку матичари и други соработници и советници, кои што ја извршуваат целокупната работа од областа на матичното работење за потребите на граѓаните на територијата на општина Кочани.

– Тука се пријавуваат сите раѓања на територијата на општина Кочани, раѓањата на нашите граѓани кои што живеат во Кочани, а се родени во странство. Исто така тука се пријавуваат младите за склучување на брак, како и браковите склучени во странство со постојано живеалиште во Кочани. Се пријавуваат и смртните случаи кои што се случуваат на територија на општина Кочани, како и оние во странство ако лицата се родени во Кочани, изјави Коста Вучков, самостоен референт – матичар.

Издвојувањето од МВР е согласно прописите кои што ги налага ЕУ, а тоа е градската матична служба да се оддели од Министерството за внатрешни работи.

Новите простории се во сопственост на Република Македонија и се доделени на Управата за водење матични книги, Подрачна канцеларија – Кочани. Вучков посочи дека вадењето лични карти и пасоши останува во надлежност на МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат