Фенг Шуи мајсторите велат: 12.12.2012 не е поволен за склопување брак

Од:

Во светот вообичаено е двојките масовно да се одлучат да застанат на лудиот камен на датумите како што се 10.10.2010 или 11.11.2011. Но оваа година за 12.12.2012 барем во Хонг Конг се пријавени помал број двојки затоа што фенг шуи мајсторите сметаат декатој датум не е баш најповолен за склопување брак.

Најмалку 696 двојки во Хонг Конг ќе стапат во брак на 12.12 2012 година. Но на пример 11 ноември 2011 година во брак стапија 1.002 двојки.

Причина за помалиот број пријавени двојки се претпоставува дека е тоа што фенг шуи мајсторите сметаат дека 12 декември 2012 година не е среќен и поволен ден за склопување бакови.

Фенг Шуи мајсторот Саму Ау истакна дека доколку сакате да стапите во брак подобро да ги одберете 18 или 31 декември 2012 година.

Сепак, голем број двојки наведуваат дека сакаат венчавка на 12.12.2012, а како една од главните причини го наведуваат и тоа што е можно на 21 декември да дојде до крај на светот.

– Сакам да се венчам со неа пред крајот на светот, рече младоженецот Леунг.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Како да ја изненадите сопругата за годишнината од вашата свадба?

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он