Сончево време, од утре заладување и дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Утринската температура од нула до шест степени, а дневната ќе се движи од 12 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до 20 степени.

Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Ќе дува умерен наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски