Наполи ја победи Рома со 2:1 на отворањето на 27.коло од италијанската Серија А. Дербито во Рим го реши Дрис Мертенс кој ги постигна двата гола за „наполитанците“, во 26. и 50.минута. Поразот на Рома го ублажи Кевин Стротман во 89.минута.
По овој пораз Рома е се подалеку од лидерот Јувентус, додека Наполи ги задржа шансите за освојување на втората позиција која обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Вечерва играат:
Сампдорија – Пескара и
Милан – Киево.
Седум дуели се играат утре:
Аталанта – Фиорентина,
Емполи – Џенова,
Каљари – Интер,
Удинезе – Јувентус,
Торино – Палермо,
Кротоне – Сасуоло и
Болоња – Лацио.
Табела: Јувентус 66 бода, Рома 59, Наполи 57, Аталанта 51, Лацио 50, Интер 48, Милан 47