Екипата на Лил е последниот тим кој обезбеди пласман во четвртиналето на фудбалскиот Куп на Франција.
Во последниот меч од осминафиналната рунда одигран синоќа, Лил како гостин со 2:1 го совлада Бержерак кој се натпревраува во четрвтата по ранг француска фудбалска лига. Фаворитот Лил кој поведе со 1:0 во 70.минута преку Рони Лопес, пласман место меѓу осумте најдобри обезбеди со голот во четвртата минута од судиското дополнение. Имено, домаќините во втората дополнителна минута (90+2) преку Брахим Камисоко израмни на 1:1, но по нецели две минути (90+4) Португалецот, Едер го постигна вториот гол за Лил вреден четвртфинале.
Лил за противник во следната рунда ќе ја има екипата на Монако, против кој ќе игра на гостински терен.
Останатите три пара за четвртфиналната рунда која ќе се игра на 4 и 5 април ги сочинуваат: Анже – Бордо, Авранш – ПСЖ и Фрежу Сен Рафаел – Гингамп.
Бранител на трофејот во ова натпреварување на екипата на Париз Сен Жермен.