(ВИДЕО) Заев: Иванов да ја преиспита одлуката, зад 67-те мандати стојат приближно 700.000 гласачи

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по изјавата дадена по средбата со високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини во одоговори на новинарски прашања истакна дека се надева дека Иванов ќе ја преиспита одлуката за доделувања на мандатот.

Рековте наредната Влада, очекувате ли брзо расчистување на оваа криза?
Јас се надевам, како што и синоќа повикав, дека г-динот Иванов ќе ја преиспита својата одлука и навистина ќе ги почитува демократските процеси што се својствени за секоја нормална земја којашто себе се декларира за демократска земја. Демократските процеси преку изборите дефинираат број на мандати, во моментот зад овие 67 пратенички мандати стојат приближно 700.000 гласачи во Република Македонија. Тоа не може да го пренебрегнете, едноставно тоа треба да го почитуваме, причина повеќе е заради тоа што стравот од ескалирање на кризата е реално присутен кога имате неразумни политичари во државата, тоа може да биде само причина повеќе за да процесите се придвижат кон своето Уставно -законско постапување во делот на формирањето на Владиното мнозинство.

Предлага ли Могерини како да се реши политичката криза?
Политичката криза мора да се реши согласно Усатвот, согласно законите во Македонија. Изјавите коишто вчера стигнаа од комесарот Хан и од сите пријатели на Република Македонија коишто искрено и мислат на Македонија, а тоа е брзо формирање на институциите на системот, а тоа e Влада на Република Македонија, може да бидат само пријателски изјави. Сето друго за коешто е значајно за Македонија да биде без Влада, без институции, не можете да го сметате за пријателско однесување кон Македонија. Оттука првиот чекор е г-динот Ѓорге Иванов да ја преиспита својата одлука и да ги почитува овие 67 мандати за коишто стојат приближно или околу 700.000 гласачи, за да може понатаму да се придвижат процесите. Уште еднаш повторувам, давањето на мандат не значи дека со сигурност ќе се успее да се формира Влада, но тоа патот по којшто мора да се движат процесите во Македонија.

Дали ќе побарате да формирање собраниска седница и да се формира Комисијата за прашања на изборите и именување на претседател на Собранието ? Дали тоа е една од опциите?
Ги разгледуваме сите опции. Една од опциите е секако и таа, но пред `се се движиме во рамките на она коешто претставува нормално очекување на логичниот редослед на постапките коишто треба да се движат во Македонија, а без притоа никому да му дадеме избор или причина да прави будалаштини во државата. Така да, од лепезата на опции за коишто синоќа реков и пак ќе повторам, секогаш постојат, треба да ги земеме во предвид оние којшто се највнимателни од секој можен аспект да ги придвижиме работите кон нормализација на нашата земја.

Кога очекувате претседателот Иванов да ја преиначи одлуката?
Секако, решението според нас е претседателот Иванов да го даде мандатот и тоа е она што е нормален процес на дејствување, но истовремено ако бидете исправени пред одговорноста, што со државата, што со институциите, што со новата Влада, ќе ги превземеме сите други чекори согласно Устав, и согласно законите, за да воспоставиме нормализација на Република Македонија.

Имате ли рокови до кога ќе чекате Иванов да се премисли?
Не можам да кажам за одредени рокови, веројатно ќе треба прашањата да ги упатите кон г-динот Иванов за да може да ги добиете дополнителните одговори. Ние генерираме и креираме свои стратегии коишто се исклучиво согласно Уставот и законите, а ќе претставуваат решение за процесите во Република Македонија.

Ваквата ситуација може да доведе до блокада на локалната самоуправа затоа што мандатот на градончалникот престанува?
Има многу причини за внимателно да се однесуваме, но истовремено и брзо. Знаете дека Европската Унија разгледува и одлуки за враќање на дел од бегалците на последната европска земја, а тоа е Грција. Тоа значи дека е можно да се појават повторно бегалци на нашата граница. Тоа е втора причина. Трета причина и најголема се граѓаните. Граѓаните очекуваат институции, очекуваат нормализирање на животот, очекуваат економијата да заживее, очекуваат реформи да отпочнат во Македонија и очекуваат секако нормализација на сите институции коишто ќе бидат во нивна служба.

Ако не се донесе нова одлука, дали имате во предвид да свикате Собрание и да гласате нова Влада?
Тоа е една од очигледните опции. Гласањето на Претседател на Собрание и формирањето на Комисијата за избори и именување не е решение дека Влада во Македонија ќе се воспостави. Тоа е едно од логичните опции затоа и вие ја поставувате и можеби е и една од следните чекори. Но, јас верувам дека редоследот на работите ќе се случи онака како што праксата во Македонија покажала, давање на мандат, договарање околу потенцијални коалициони пратнери, постигнување на договор и процесуирање низ Парламентот на сите тие одлуки. Тоа е примарното наше очекување, секако и сите други опции се отворени, но најважно како што реков е, апсолутно да се движиме согласно Уставот, законите и Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Последниот рок за закажување на локалните избори е понеделник, 5-ти март. Дали дотогаш ќе имаме претседател на Собранието за да ги закаже тие избори?
Не можам да кажам, заради тоа што барате одговори од човек којшто се обидува со потписи да добие мандат, а притоа сите институции се под контрола на нашите политички опоненти, вклучително и на г-динот Иванов којшто неразумно се однесува во целиот овој период. Секако 5-ти недела, според нас, според толкувањата на нашите правни експерти е последен датум од оние од 90 до 70 дена за распишување на локалните избори. Тоа исклучиво може да го направи Претседателот на Собрание, не може да го направи Претседавач на Собранието, не може да го направи Претседател на државата, не може ниту Заев здружен со неколку партии зад коишто стојат 67 потписи да го направи тоа, затоа што и Уставот и законот за Изборниот законик се јасни, и тоа се кристално јасни, Претседателот на Собранието треба да ги распише изборите. Ако до недела Македонија нема Претседател на републичкото Собрание тогаш нема кој да ги распише овие избори, а знаете дека согласно законот првата половина на мај се изборите. Овој датум е поврзан со последниот датум од првата половина на Мај, а тоа 14 март, така да навистина се доведува во прашање и одржувањето на локалните избори во Република Македонија.

Дали јавноста може да очекува уште една средба со г-динот Иванов за да се надминат овие проблеми што излегоа во пресрет на ова што сега го кажавте?
Јас стојам на располагање за неколку средби ако има потреба. Во било кое време, на било кое место да разговараме за да ги одблокираме сите овие процеси. Така што, знаете, вчера од неговиот кабинет ме повикаа. Јас го посетив за да разговараме за овие работи. Почетокот на состанокот отпочна со неговото убедување дека бара начин да го даде мандатот, но проблемот се десетте дена наводно коишто на 29 јануари не беа проблем кога Груевски не успеа да формира Влада, тогаш не беа проблем роковите. И заради тоа тој бараше потписи, ние баравме веднаш мандат. Но еве се случи сега кога ги обезбедивме потписите, е сега тој се врати на тоа коешто го негираше претходно. Апсолутно во вториот дел на неговата изјава видовте дека политиката е во прашање, не се ниту рокови ниту одредени други законски или уставни потреби. Јас се надевам дека не спие човекот, доволно ќе размисли што е интерес на Република Македонија, тоа мора да биде наша одлука како политичари во Република Македонија. Ден поскоро Македонија мора да ги движи процесите, и ден поскоро поскоро мора да добие Влада. Сите знаат дека сите 67 потписи не значат и гаранции за формирање на Влада, и сите знаат дека демократските процеси се единствениот начин за разрешница во Република Македонија, а се согласно Уставот и законот

Условот на претседателот Иванов да не го даде мандатот беше платформата, ВМРО ДПМНЕ ви нуди отфрлање на платформата за да ве поддржи. Дали во вашата партија сериозно се размислува за оваа опција?
Една работа, нашите високи претставници од партијата во своите интервјуа зборуваа многу отворено. Прво 20 дена Никола Груевски зборуваше за таа Платформа. За тоа објавија и медиуми кои се авангардата на објавување на одлуките на ВМРО ДПМНЕ дека е прифатена таа Платформа или слично. Г-динот Иванов во ниту еден момент не правеше проблем на оваа работа. Заев бара мандат за да отпочне да разговара за сите документи. Тие документи може да бидат составен дел, надвор од идна владина програма или слично. Да се разбереме, Заев, Груевски, Иванов лично, Ахмети и било кој во државава не носат одлуки, институциите носат одлуки. Парламентот во Македонија носи одлуки дали ќе прифати програма на мандатарот за Влада или ќе ја отфрли таа програма и дали ќе прифати кабинет на мандатарот за Влада или ќе го отфрли. Институциите на системот носат одлуки и политичарите апсолутно можат да зборуваат за секакви свои ставови, прашањето е што институциите носат одлуки. Затоа она што е следствен процес доколку се добие мандатот е мандатарот да излезе пред Парламентот со програма на Влада и владин кабинет или да му соопшти на г-дин Иванов дека не успеал да формира Влада.

Тие се процесите и затоа дебатата е вака изместена за сите овие детали, што за закон за употреба за јазиците, што за некакви платформи и навистина е поприлично забегана дебата кога доаѓа од таткото на нацијата, човекот кој ја врши функцијата Претседател на државата. Тој е Претседател на сите граѓани на Република Македонија и не смее да си дозволи да ги помине сите овие граници. И оттука уште еднаш потенцирам, зборувавме за начела и принципи за да можеме да добиеме потписи. Мора да бидете повикан, а за да бидете повикан мора да бидете мандатр за да навлезете да разговарате за владина програма во чијшто составен дел би можело да биде и закон за употреба на јазиците и одредени делови од Платформа, од нашата Платформа „За живот во Македонија“. Никој не зборува дека потрошивме 80% од времето да ги убедиме партиите коишто ни дадоа потписи за реформите, за повратокот на парите кон граѓаните, за враќањето на ДДВ-то кон граѓаните, за подигнувањето на минималната плата, за чекорите за постигнување на просечната плата во Република Македонија, заради тоа што мора да го прифатат токму и тој концепт и тоа е впрочем и најважната работа којашто ги интересира сите граѓани подеднакво во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески