ОПЕР: Поддршка на Уставниот поредок на Република Македонија

Од:

Обединетата партија за еднаквост на Ромите (ОПЕР) денеска соопшти дека внимателно ги следи настаните околу формирањето на владата, повикува на поддршка на уставниот поредок на Република Македонија и градење доверба меѓу партиите.

ОПЕР, стои во соопштението, ги охрабрува лидерите на водечките македонски и албански партии во придужба со етничките политички партии и нивните лидери да ја градат, пред се, довербата во преговорите постигнувајќи општ политички консензус, кој ќе помогне да се стави крај на политичката криза која го забавува демократскиот и економскиот развој на европска Македонија, како и нејзината евроатланска интеграција во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

– Поаѓајки од позитивните уставни вредности со кои се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ и другите националности кои живеат во Република Македонија, повикуваме на поддршка на уставниот поредок на Република Македонија. Потврдувајќи ги своите демократски вредности во унитарна Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, стои во соопштението од ОПЕР.

Од партијата потсетуваат дека покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, во локалните самоуправи каде има мнозинство припадници на етничките заедници во употреба се и нивниот јазик и писмо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Зајкова со честитка за Меѓународниот ден на Ромите – инклузивноста не е луксуз, туку основа на секоја вистинска демократија

Предраг Петровиќ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска