Два гола предност обезбеди екипата на Лацио по првиот меч од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија против Рома одигран синоќа во Рим. Конечниот резултат е 2:0, а стрелци на головите за „лацијалите“ беа Сергеј Миленковиќ-Савиќ во 29.минута и Чиро Имобиле во 78.минута.
Реваншот ќе се одигра на 5 април.
На првиот дуел од другата полуфинална пресметка Јувентус во Торино го победи Наполи со 3:1.