Македонското здружение за заштита при работа и Сојузот на синдикатите на Македонија денеска организираат национална конференција за „Функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите“.
Конференцијата е во рамки на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно човеково право“.
– Целта на националната конференција е да се подигне свеста за придобивките од бипартитниот дијалог во компаниите и за улогата и профилот на претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа. Да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни, како социјалните партнери, граѓанскиот сектор и државните институции преку своите активности ќе се залагаат за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа, соопштија организаторите.