МФ: Податоците за буџетските расходи веќе се објавуваат на нашата веб страна

Од:

Министерството за финансии во реакција на соопштението од СДСМ за буџетскиот дефицит во јануари годинава истакнува дека сите расходи се во рамки на Буџетот. Посочува дека на месечна основа ги објавува податоците кои се усогласени со Меѓународниот монетарен фонд и оти нема простор за политички поентирања и шпекулации.

– И СДСМ и целата македонска јавност на веб-страната на Министерството за финансии можат да ја најдат фискалната табела за јануари 2017 – месечна сметка за извршување на буџетот, во рамки на која се наведени расходите и приходите за тековниот месец. Сите граѓани можат веднаш да проверат на што се трошат државните пари и самите да се уверат дека сите расходи се во рамки на буџетот, стои во реакцијата од Министерството за финансии.

За да се избегнат манипулациите со сезонскиот ефект за дефицитот во јануари, посочуваат од ресорното Министерство, на располагање се и извештаите од минатите години, па јавноста може да спореди каква била реализацијата на буџетот и буџетскиот дефицит години наназад во јануари.

– Со оглед дека Министерството за финансии на месечна основа ги објавува овие податоци и тие се усогласени со методологијата на Меѓународниот монетарен фонд, навистина нема простор за шпекулации и политички поентирања, бидејќи секој кој сака може да направи увид, соопштуваат од Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација