Почна монтирањето на системот за наводнување на градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани

Од:

Специјализираната екипа за монтирање на системот за наводнување на градскиот стадион „Никола Мантов“, денеска почна со работа на спортскиот објект во Кочани. Во првата фаза ќе се работи на монтирање на опремата за автоматизирано наводнување на теренот, што ќе значи меѓусебно поврзување на пумпните места и поставување на водени топови со чија помош автоматски ќе се наводнува зелената површина кога за тоа ќе има потреба.

– Деновиве се очекува Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ да започне со ископ на рововите за поставување на кружниот систем кој ќе ја користи водата од сопствената бушотина, што значи трајно избегнување на трошоците за потрошена вода од градскиот водоснабдителен систем. Веднаш потоа ќе се премине на обработка на површинскиот слој на теренот со што значително ќе се подобри квалитетот на тревната површина и ќе се елиминираат постоечките деформитети. Предвидени се и други содржини во насока на опремување на стадионот до ниво за одигрување меѓународни натпревари, изјави Владо Андов, претседател на Третата фудбалска лига.

нагласи дека ќе се води сметка да нема прекин во одигрувањето на натпреварите во Трета фудбалска лига Исток во која игра Осогово, и првата лига за жени каде член е ЖФК „Кочани“’, се со цел да не се влијае на нивните спортски амбиции.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена