Револт во Наполи од судењето на натпреварот со Јувентус

Од:

Наполи синоќа во полуфиналето од италијанскиот фудбалски куп загуби од Јувентус со 3:1, а домаќините два од трите гола постигнаа од пенали за кои во таборот тимот од Неапол сметаат дека се неправедно досудени.

– Изгубивме поради две одлуки кои се срамни и штетни за италијанскиот фудбал. На снимките може да се види дека при првиот пенал Дибала ја турна топката и бараше контаткт, додека при вториот, голманот Реина прв стигна до топката, а потоа настана контакт со противничкиот играч. Што е уште полошо, тоа се случи во продолжение на акцијата при која нас не ни беше досуден пенал, иако двајца фудбалери на Јувентус соборија наш играч, изјави револтирано директорот на Наполи, Кристијано Џантоли.

Реваншот од оваа полуфинална пресметка ќе се игра на 5 април во Неапол.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска