ДС: Иванов да го даде мандатот за состав на нова влада

Од:

„Демократскиот сојуз го повикува претседателот Ѓорге Иванов, денес да го додели мандатот за состав на Владата на Зоран Заев кој доби поддршка од 67 пратеници.

Согласно Уставот, мандат за состав на Влада, добива партијата или партиите кои имаат обезбедено мнозинство во Парламентот.

Такво мнозинство (67 пратеници или 6 повеќе од потребните) имаат СДСМ, ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСАТА.

Состојбите можат драматично да се усложнат доколку и натаму Парламентот е без Претседател, Владата е техничка и со 4 пратеници во неа, а лидерот на владејачката партија повикува и организира протести со цел да се блокира формирање на Влада.

Демократскиот сојуз, цврсто стои зад унитарноста на државата, парламентарната демократија, владеење на правото и Уставното име Република Македонија.

Демократскиот сојуз е за промени и правда, но и длабоки реформи, согласно определбите на над 612.000 граѓани и во рамките на Уставот на Република Македонија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени