Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осуди вчерашниот напад врз новинарската екипа на интернет порталот А1он.
– Безбедноста и животот на медиумските професионалци во ниту еден случај не смеат да бидат загрозени. Напротив, ним секогаш треба да им биде овозможено непречено да известуваат за сите настани и случувања, а особено во општествено-политички мигови кои се од исклучителна важност, стои во соопштението од Агенцијата.