Заев до ВМРО-ДПМНЕ: Точно е, вработувам, ама и вмровци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува со својата гола- вода политика да го омаловажи и дискредитира името на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, но како да не се свесни во оваа партија дека со денешната прес-конференција, тоа име уште повеќе го афирмирааат, соопшти Кабинетот на струмичкиот градоначалник.

„Да, Зоран Заев вработува луѓе и е горд поради тоа. Во изминатиот безмалку осумгодишен период вработени се 4280 луѓе, од кои за преку 90 отсто е лобирано да се вработат во приватниот сектор. Да, Зоран Заев вработува луѓе затоа што Струмица расте, затоа што Струмица се обновува и развива, затоа што во Струмица се реализираат бројни проекти поради кои вработувањето нови луѓе се наметнува како реална потреба. Новите вработувања во ЈПКД Комуналец- Струмица се реална потреба за да се одржуваат овие водоводи, канализации и пазаришта и да се подига сметот за почиста и поубава општина“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра