„Градови за луѓе“ е темата на предавањето што денеска во Скопје ќе го одржи професорот и архитект Јан Гел.
Доајенот на проектирањето на јавни простори Гел престојува во Македонија на покана на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Јан Гел е поранешен професор на данската Кралска академија и член на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA). Работел на урбанистичкото доуредувањето на градските простори на Лондон, Сиднеј, Сан Франциско, Њујорк, Мелбурн, Ротердам…
– Јан Гел најдобро го проценува квалитетот на животот во градовите, поставува предизвици за нивната иднина, извонредно брзо помага во кризите со кои се соочуваме. Многу генерации ќе живеат посреќно во градовите ако се слушаат и послушаат советите на овој исклучителен експерт. Се надеваме дека тие ќе бидат инспиративни за многу граѓани, урбанисти, архитекти и функционери, наведува во најавата на предвањето Комората на овластени архитекти и овластени инженери.