ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на екипата на А1он

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на екипата на интернет порталот А1он. ВМРО-ДПМНЕ принципиелно, како и досега, смета дека е крајно недемократски и непримерно да се напаѓаат медиуми и екипи поради нивното известување за настани и случувања.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој немил настан, исто како што претходно го осуди нападот на новинарската екипа на МРТ на митинг на СДСМ, нападите врз новинарите Антонио Димитриевски, Јанко Илковски, Дејан Николовски, Ивона Талевска, заканите по живот за новинарите на порталот Курир, демолирањето на РСМ и слични инциденти кои ги предизвикуваа членови, активисти и симпатизери на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните институции да го разрешат случајот и да ги санкционираат поединците кои го предизвикале овој инцидент.

Трагично е што СДСМ дури и кога се случуваат вакви инциденти мора да лаже и да ги злоупотребува.

Нападите врз медиумите и новинарите беа заштитен потпис токму на хулиганите на СДСМ/Сорос кои демолираа медиуми.

СДСМ треба да собере сили и да ги отфрли уцените кои внесуваат тензии меѓу граѓаните и носат ризик за дестабилизација на земјата.

СДСМ треба да престане да оди спротивно на државните и националните интереси. СДСМ треба да види дека народот се буди и не прифаќа платформи од Тирана и редефинирање на државата. СДСМ треба да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ја добие нашата поддршка само да се откаже од антидржавната агенда“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти