По повод одбележувањето на 73 годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски Питу, делегации од Град Скопје, општина Карпош, Сојузот на борци, училишта и граѓани денеска положија цвеќе пред неговиот споменик во општина Карпош.
Како што информираат од општина Карпош, делегација од општината предводена од раководителот на Одделението за спорт и култура Патрик Поповски и помошник- раководителката Гордана Стојчевска- Зафировска, денеска положи цвеќе пред споменикот на Народниот херој Кузман Јосифовски – Питу, кој се наоѓа на територијата на истоимената урбана заедница во Карпош.
Кузман Јосифовски – Питу се смета за еден од главните организатори за поведување на Народно ослободителната борба, како и за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ, на кое се поставија темелите на првата современа македонска држава.