Конзервација на петвековниот даб во селото Бели

Од:

Општина Кочани подготви елаборат за заштита на петвековниот даб-платан кај селото Бели за негова реставрација и конзервација.

Со ова ќе се придонесе оваа природна реткост во овој дел од Источна Македонија да биде заштитена и ставена на увид на јавноста.

– Како општина и досега се грижевме за заштитата на дабот кај село Бели. Преку Центарот за развој на Источниот плански регион направивме елаборат кој треба да се достави до Министерството за животна средина за понатамошна заштита и обезбедување на финансиски средства. Паралелно со ова како општина очекувам на престојната седница на Советот на општината Кочани која е закажана за 27 февруари да се донесе одлука за пристапување кон заштита на дабот кај село Бели, изјави градоначалникот Ратко Димитровски.

Во подготовката на елаборатот, истакна тој, добивме целосна подршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Инаку дабот кај село Бели во 2012 година страдаше од удар на гром при што беше направена неопходната санација на опожареното стебло. Меѓутоа според Димитровски, неопходно е да се направат конзерваторски активности за негова заштита и продолжување на векот на траење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски