Два пожари за едно деноноќие во Крива Паланка

Од:

Изминатото деноноќие Кривопаланечките пожарникари интервенирале на два пожари, едниот се случил денес во семејна куќа во градот, додека вториот се случил вчера попладне во атарот на село Мождивњак, каде гореле сува трева и шума.

-По дојава за пожар примена околу 11 часот и 5 минути, за опожарена семејна куќа на улицата „Македонска“ број 15, на лице место се упатиле две возила и петмина пожарникари кои за помалку од пет минути од дојавата го гаснеле пожарот. Истиот бил ликвидиран за помалку од еден час, а во пожарот е изгорена кујната и дел од инвентарот во дневниот престој. Изгореле и повеќе апарати за домаќинство, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува, информира Иле Коцевски, командир на Територијална противпожарна единица, Крива Паланка.

Ова е втор пожар во месец февруари во Кривопаланечко.

-Вчера попладне нашата единица интервенираше на пожар кој настана во м.в. Стражин, кај село Мождивњак. Во гасењето на пожарот учествуваа и вработени од Јавно претпријатие „Македонски шуми“, Подрачно шумско стопанство „Осогово“. Екипите го гаснеа пожарот повеќе од три часа, а опожарени се девет хектари пасишта и еден хектар нискодеградирана шума, додаде Коцевски.

Двата пожари се со поголема материјална штета.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот