Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беа извлечени двојките за осминафиналето на Лига Европа.
Германија и Белгија веќе има обезбедено четвртфинале, бидејќи екипите од овие земји ќе играат меѓусебе во осминафиналето: Германија (Шалке – Борусија Менхенгладбах) и Белгија (Гент – Генк).
Осминафинални двојки:
Селта – Краснодар,
АПОЕЛ – Андерлехт,
Шалке – Борусија Менхенгладбах,
Олимпик Лион – Рома,
Ростов – Манчестер Јунајтед,
Олимпијакос – Бешикташ,
Гент – Генк,
Копенхаген – Ајакс.
Натпреварите ќе се играат на 9 и 16.март.