Претставници на регионалните власти во Шкотска го прифатија предизвикот на луѓето со попреченост и прошетаа низ градот Инвернес во колички.
Обиколката имаше за цел да ја истакне потребата од подобрување на пристапноста на луѓето во колички до јавните објекти, како што се продавниците, улиците, пешачките премини, болниците и други објекти од јавен интерес.
– Секојдневно се соочуваме со проблеми во пристапноста. Идејата е четворица од нашите советници да ја минат (во колички) патеката што јас ја зацртав, следејќи ги улиците и обидувајќи се да влеземе во разни места. Сакавме тие да погледнат од наша перспектива, со што ние секојдневно се соочуваме во Центарот на градот, изјави претставникот на оваа група граѓани, Бил Андерсон за Би-Би-Си.