Ајакс ја совлада Легија за пласман во осминафиналето на Лига Европа

Од:

Екипата на Ајакс избори пласман во осминафиналето од Лига Европа откако вечерва во реваншот од 1/16 финалето на домашен терен ја победи Легија со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Ник Вергевер во 49.минута.

Покрај Ајакс пласман во следната рунда вечерва обезбедија уште: Олимпијакос, Андерлехт, Рома, Бешикташ, АПОЕЛ.

Резултати на денеска одиграните дуели:

Османлиспор – Олимпијакос 0:3 (0:3 вкупен резултат)
Зенит – Андерлехт 3:1 (3:3),
Рома – Виљареал 0:1 (4:1),
Бешикташ – Хапоел Бир Шева 2:1 (5:2),
АПОЕЛ Никозија – Атлетик Билбао 2:0 (4:3),
Ајакс – Легија Варшава 1:0 (1:0),

Пласман меѓу шеснаесетте најдобри вчера изборија: Манчестер Јунајтед, Шалке и Краснодар.

Последните седум натпревари се во тек, а двојките се:

Копенхаген – Лудогорец (2:1),
Фиорентина – Борусија Менхенгладбах (1:0),
Генк – Астра (2:2),
Олимпик Лион – АЗ Алкмар (4:1),
Шахтјор – Селта (1:0),
Спарта Прага – Ростов (0:4) и
Тотенхем – Гент (0:1).

Извлекувањето на двојките за осминафиналето е закажана за утре во Нион.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска