Во второто по квалитет европско клупско натпреварување Лига Европа, денеска ќе се одиграат реванш дуелите од шеснаесетфиналната рунда, по кои ќе бидат познати сите екипи кои ќе играат во осминафиналето.
Пласман меѓу шеснаесетте најдобри вчера обезбедија Манчестер Јунајтед, Шалке и рускиот тим Краснодар.
Денешната програма ќе биде отворена со средбата во Анкара од 17 часот во која Османлиспор и Олимпијакос ќе старуваат од нула, откако првиот меч во Атина заврши без голови (0-0).
Во терминот од 19 часот ќе започнат натпреварите:
Зенит Ст. Петерсбург – Андерлет (0-2),
Рома – Виљареал (0-4),
Бешикташ – Хапоел Бир Шева (3-1),
АПОЕЛ Никозија – Атлетик Билбао (2-3),
Ајакс – Легија Варшава (0-0),
Последните седум средби ќе старуваат од 21 часот и 5 минути, а во нив ќе играат:
Копенхаген – Лудогорец (2-1),
Фиорентина – Борусија Менхенгладбах (1-0),
Генк – Астра Џурџу (2-2),
Олимпик Лион – АЗ Алкмар (4-1),
Шахтјор Донецк – Селта Виго (1-0),
Спарта Прага – Ростов (0-4) и
Тотенхем – Гент (0-1).
Ждрепка за осминафиналето е закажана за утре во Нион.