Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево го игра последниот натпревар на домашен терен во СЕХА лигата. Во Скопје ќе гостува словенечкиот тим Горење, екипа која во првиот натпревар го победи Металург на домашен терен со 23:18.
Металург сезонава во СЕХА лигата досега постигна четири победи, а три ги оствари на домашен терен (Загреб, Извиѓач и Татран), додека нерешено одигра со Нексе.
До крајот на лигашкиот дел Металург ќе одигра уште два натпревара на гости, со Извиѓач и со Нексе.
Екипата на Горење на сите седум натпревари одиграни на гости претрпе порази во СЕХА лигата.
Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 41, Загреб 31, Цеље 30, Мешков Брест 29, Нексе 15, Металург 13, Горење 12, Татран Прешов 10, Извиѓач 3.