Утрото студено, во Лазарополе и Маврово – 9 степени

Од:

Сончево и студено време преовладува утрово во Македонија со измерени температури од – 9 во Лазарополе и Маврово, -8 Берово, -7 Крива Паланка, -6 Тетово и Скопје, -5 Куманово, Демир Капија и Крушево, -4 Претор, Штип, Струмица и Прилеп, -3 Битола, Пожаране, Виница, Охрид и Скопје –Зајчев Рид, -2 Ѓуриште, -1 Тополчани, 0 во Дебар, 2 Гевгелија до 4 степени во Дојран.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 11 степени.

До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Под влијание на топла воздушна маса температурите ќе бидат во пораст. Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски