Регионална дискусија на тема „Младински ангажман во заедницата“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ИПА2 Механизмот за граѓански организации.
Како што наведуваат организаторите, настанот „Младински ангажман во заедницата, Скопски плански регион“, се организира со цел да иницира дискусија за зајакнување на партнерството меѓу граѓанските организации и различните чинители околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014 – 2020 (ИПА2).