Османи: Претседателството ќе донесе одлука деновиве

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со потпретседателите и членовите на раководството разговара за понудата која ја добија од СДСМ за нова Влада.

Партискиот портпарол, Бујар Османи рече дека претседателството овие денови ќе донесе одлука за тоа дали ќе формира Влада со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

– Централното претседателство ќе се свика тогаш кога ќе имаме материјал по однос на прашањата кои ДУИ ги има поставено како услови без кои не се може, а еден од нив е и законот за официјална употреба на Албанскиот јазик. Предлогот на ДУИ не е почетна позиција за преговори, рече Османи

Претходно, ДУИ до СДСМ испрати предлог закон за употреба на јазиците, бидејќи како што рекоа од таму, не биле задоволни од предлогот кој Заев го достави до нив.

Иако од другите албански партии потписнички на Албанската платформа кажаа дека ќе ги дадат потписите за лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го добие мандатот, а потоа да предовараат за Влада, од ДУИ истакнаа дека очекуваат прво предовори и јасни ставови, а потоа потписи.

Би можело да ве интересира

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

ВРЕДИ: ДУИ поттикнува тензии во кампањата, злоупотребува семејни трагедии

Катерина Ѓуровски

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Понижувањето стана секојдневна реалност за Албанците, оваа моноетничка влада ја врати земјата со децении назад, велат од ДУИ