Рома убедлива против Торино

Од:

Екипата на Рома оствари победа од 4:1 на вечерашниот дуел од 25.коло на Серија А против Торино. Играчите на Рома без проблем стигнаа до трите бодови, а триумфот беше најавен на самиот почеток со головите на Един Џеко во 10.минута и на Мохамед Салах во 17.минута. Во вториот дел Рома зголеми на 3:0 преку Леандро Паредес во 65.минута, а Макси Лопез намали на 3:1 во 84.минута. Конечните 4:1 ги постави Раџа Наинголан во 90+1 минута.

Резултати на другите дуели од ова коло: Емполи – Лацио 1:2, Атланта – Кротоне 1:0, Јувентус – Палермо 4:1, Болоња – Интер 0:1, Киево – Наполи 1:3, Пескара – Џенова 5:0, Сампдорија – Каљари 1:1, Удинезе – Сасуоло 1:2.

Вечерва од 20:45 часот се игра последниот натпревар меѓу Милан – Фиорентина.

Табела: Јувентус 63 бодови, Рома 56, Наполи 54, Интер 48, Аталанта 48, Лацио 47

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска