Екипата на Хамбургер со 2:0 го совлада Хофенхајм на отворањето на 16. коло од германската Бундес лига.
Двоен стрелец за домашниот тим беше Артом Рудњевс (27. и 74.та минута).
Со трите освоени бодови, Хамбургер се искачи на шестото место и сега има 24, додека Хофенхајм остана во долниот дел на табелата, 16. е со 12 бодови.
На другите денешни натпревари од претпоследното коло во Германското фудбалско првенство играат: Аугсбург – Баерн Минхен, Фрајбург – Гројтер Фурт, Нирнберг – Фортуна, Штутгарт – Шалке, Борусија Дортмунд – Волфсбург и Ајнтрахт – Вердер.