Ахмети на средба со Каранза: Нема да брзаме, сакаме да донесеме правилна одлука

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранза на денешната средба размениле мислења околу политичките случувања во земјата, како и создадената ситуација по изборите на 11 декември.

Ахмети, како што соопшти ДУИ, се осврнал на политичкиот напредок до изборите од минатата година и резултатите од нив кои, како што стои, создале внатрешнопартиска дебата за петте можни опции на ДУИ.

– Но, ДУИ нема да брза во однос на донесување одлука без анализа и без да биде сигурна дека тоа е правилна одлука која ќе им служи на граѓаните и на очекувањата на нашите гласачи, но и на стабилноста и безбедноста на земјата. Ахмети истакна дека предлог законот за албанскиот јазик, подготвен од Албанците веќе е доставен и заедно со другите спорови претставува предуслов за некој евентуален договор, но моментално, договор нема, се наведува во соопштението.

Ахмети и амбасадорот на Шпанија, исто така, зборувале и за владеење на правото, евроатланската интеграција, како и заедничката изјава на албанските политички партии кои претставуваат и столб на определбите на ДУИ во овие разговори.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ