А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Потврда за годишна даночна пријава во Кочани поднеле 3.281 лице

by А1он17/02/2017 - 16:10195
Share0

Управата за јавни приходи (УЈП) во Кочани очекува 15.000 граѓани да поднесат годишна даночна пријава за остварени приходи во 2016 година.

Добивај вести на вибер

Како што изјави координаторот на Даночното одделение при УЈП – Кочани Билјана Спасовска, до денеска, во УЈП – Кочани документи поднеле само 3.281 лице.

– Очекуваме граѓаните да си ја исполнат својата граѓанска должност и да поднесат пријава за остварен приход по повеќе основи. Дополнителни приходи за кои треба да се поднесе годишна даночна пријава се приходи од награди, бонуси остварени од работен однос, приходи од кирии, закупнини на деловен и станбен простор, авторски права, права од индустриска сопственост, дивидентни, учество во добивката и камати од заеми дадени на физички и правни лица, капитални добивки, добивки од лотариски игри и игри на среќа повисоки од 5.000 денари, како и добивки од игри на среќа од интернет и специјализирани сајтови, рече Спасовска.

Обврзници за поднесување годишна даночна пријава се и лицата со лични примања остварени од странство за активности што граѓаните ги вршат во Македонија, работи во врска со ангажирање во амбасади, мисии на меѓународни организации и други дополнителни приходи што се надвор од основните приходи плати и пензии.

– Граѓаните имаат обврска да ги пријават и приходите што ги добиваат по основ на премии за осигурување кредити од банките и за сите други установи што ги покриваат нивните трошоци. Обврска за неподнесување годишна даночна пријава имаат само граѓаните кои имаат остварено приходи од плата и пензија. Работодавачите имаа обврска до 25 јануари да им дадат на вработените потврда за остварените приходи од работен однос, од регрес, бонуси и награди, објасни Спасовска.

Обврската за поднесување годишна даночна пријава граѓаните треба да ја исполнат до 15 март.

УЈП – Кочани апелира граѓаните да не го чекаат последниот рок.

kocani

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 19:3127/12/2025 - 19:32

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Горан Наумовски24/12/2025 - 14:08

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Горан Наумовски10/12/2025 - 20:22

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот

Горан Наумовски09/12/2025 - 16:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен