Обука во ОУ „Раде Кратовче“ Кочани за тимска работа и решавање на конфликти

Од:

Во проектот „Тим, тимска работа, комуникација во мултикултурно опкружување и решавање конфликти“, кој е подржан од Националниот ромски центар од Куманово и Делегацијата од Европската унија, е вклучено и Основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани каде денеска се одржа обука за вработените.

Преставниците од училиштето, во кое учат деца од македонска и ромска националност, на денешната средба со новинарите посочија дека реализацијата на проектот е повеќе од потребна и изразија задоволство од обуката во нивното училиште.

– Проектот се имплементира во пет општини во Македонија меѓу кои и нашата. На обуката стана збор за тимовите и тимската работа, ефектите од нив, за методите и стратегиите за ублажување на конфликти, градење сојуз, воспоставување партнерства со најмалку 20 до 25 локално засегнати страни. Акцентот се стави пред се на улогата на тимот во мултикултурното опкружување, изјави Марија Филипова, училишен педагог.

Проектот ќе се реализира до 30 септември 2017 година, а партнерите имплементатори, во соработка со други здруженија на граѓани и претставници на петте општини, ќе преземат поголем број активности за остварување на општата цел – да се воспостават механизми за зголемено учество и заштита на правата на помалите заедници на локално ниво.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот