Македонија домаќин на Глобалниот самит на жени лидери „GWLS 2017“

Од:

Над 40 еминентни жени лидери во улога на панелисти и преку 300 учесници од пет континенти, креатори на јавни политики, дипломати, претставници на корпоративната елита, новинарството,…, ќе бидат дел од Глобалниот самит на жени лидери (Global women leaders summit – GWLS 2017 ) што ќе се одржува денеска и утре во Скопје.

Самитот е фокусиран на актуелни теми од повеќе области, но на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија.

Промоцијата ја организира Сојузот на стопански комори (ССК) во соработка со Здружението на бизнис жени и Светската бизнис организација Македонија.

– Глобалната платформа на жени лидери функционира во насока на размена на искуства, креирање јавни политики и хармонизација со глобалните трендови. Ги обединува светските жени лидери од пет континенти од различни области, политика, економија, дипломатија, претприемништво, новинарство. Целта на нашето учество е хармонизација на Македонија со глобалните трендови и прифаќање на можностите жена да биде лидер, на позиција како што е претседател на држава или влада, велат од ССК.

Идејата на Платформата е остварување меѓународен дијалог за унапредување на женското лидерство и креирање стратегиски политики за економски развој што подразбира и развој на кариера, глобално партнерство, како и трансфер на знаење и искуства.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Декларацијата на мировниот самит за Украина ја потпишаа 80 земји, но не и земјите на БРИКС

A1on

Неколку министри го бојкотираа Лавров: „Вие сте виновни, го убивте ОБСЕ“ , рече рускиот дипломат и го напушти состанокот

A1on

(ВИДЕО) Лавров кон грузиска новинарка: Имаш убава боја на косата

A1on

Ковачевски: Недоаѓањето на некои министри е порака за неоправданоста на руската агресија

A1on

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on