А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ништо не направи за здравството

by А1он16/02/2017 - 16:1717/02/2017 - 08:11220
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираа на на соопштението на СДСМ на тема здравство.

Добивај вести на вибер

„Не се очекува СДСМ да поздрави нешто што е во прилог на граѓаните, а особено на пациентите кои страдаат од карцином.

СДСМ покажува дека единствено што знае е да води некрофилска политика и да злоупотребува туѓи несреќи и на нив да се обидува да гради некои ситни политички поени. Во времето на СДСМ пациените чекаа по една година за хемотерапија и немаше ниту еден лек на позитивна листа. Крајно лицемерно е СДСМ да зборува за здравството кога ниту една болница не реновираа и ниту еден нов апарат не набавија.

Граѓаните веќе се уверија во лицемерието на СДСМ, па така не ги чуди што СДСМ сега плука по мерка со кој се обезбедува нова терапија на 6 типа на малигни заболувања која ќе може бесплатно да се добива на Клиниката за Радиотерапија и онкологија. Оваа терапија пациентите на кои им е најтешко порано ги чинела и до 8.000 евра, а денес ќе ја добиваат бесплатно и тоа на СДСМ му смета.
Навистина ниско и долно од страна на СДСМ.

Дополнително Македонија е меѓу најдобро рангираните држави во третманот на малигни заболувања, каде времето за добивање на терапија е пократко од 21 ден, а во Македонија е далеку помалку, односно нема листа на чекање за добивање радиотерапија за пациентите со малигни заболувања. Ова е особено важно за овие пациенти на кои и часовите им се битни, а не пак деновите за нивно лекување. Што СДСМ правеше за нив во времето кога тие беа на власт? Ништо.

Да инвестираше барем нешто СДСМ во оваа сфера или во здравството во целина кога можеше, денес со големите инвестиции кои ги превзема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во здравството, македонското здравство веројатно ќе беше многу понапред. СДСМ за жал ништо не направи, освен ако не се сметаат партиските бизниси на грбот на пациентите и бисерите“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnezdravstvo

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен