Индонезиската провинција Аче ја погодија денеска два земјотреси, при кои девет лица се повредени во дистриктот Триангаденг и оштетени се две куќи во дистриктот Пиди Џаја, во близина на епицентарот.
Земјотресите со јачина од 5,1 и 5,6 степени според Рихотеровата скала се случиле околу 3.00 часот наутро, по локална време, соопшти Американскиот геолошки завод.
Земјотресите во Индонезија се многу честа појава.