Експедиција на векот: Почнува потрага по тајната соба на Тутанкамон

Од:

Археолозите почнаа планирање на потрага по изгубената, тајна комора во гробницата на фараонот Тутанкамон која имаат намера да ја бараат со помош на најмодерна технологија на радарските системи.

Научниците од Универзитетот во Торино ќе ги скенираат длабочините и просторот кој се наоѓа зад 3.300 година старата гробница на кралот на Тутите.

Научниците претпоставуваат дека тајната комора, за која се откриени докази дека постои, ги содржи посмртните останки на мајката на Тутанкамон, кралицата Нефертити, како и огромна количина на богатство: кога била откриена гробницата на Тутанкамон, била неопљачкана и во неа се наоѓало големо богатство, па и денес се смета за едно од најголемите археолошки откритија.

Египтологот Николас Ривс открил: „Се чини дека пред нас е уште едно исклучително откритие од ерата на Тутанкамон. Претпоставуваме дека на северната страна на неговата гробница има ходници и комори”.

Интересно е да потсетиме и дека откритието на гробницата на кралот на Тутите долго се поврзувало за клетва, уште откако во 1923 година ја открил Британецот Хауард Картер и неговиот тим. Лорд Карнавон, човек кој ја финансирал експедицијата, умрел од каснување на комарец. Радиологот кој ја скенирал гробницата исто така набрзо умрел, еден од членовите умрел од труење, шест членови од 26 колку што биле во експедицијата, умреле за кратко време по откривањето на гробницата.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска