ГП „Евзони“ и натаму затворен

Од:

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран сe отворени за сообраќај за секаков вид возила, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен е со ограничена проодност. Во утврдени термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

Сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Катерина Ѓуровски

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Гиулекас: Поставуваме модуларни контролни пунктови на „Евзони“ за да се скрати времето на чекање