Дваесет кинески градови се обединуваат во борбата против смогот

Од:

Кинеското Министерство за животна средина им нареди на 20 градови да ги усогласат напорите во борба против смогот.

Градовите се наоѓаат во зоната на три „воздушни коридори“ – западен, централен и источен, по кои поради геолошки и метеоролошки услови загадените воздушни маси се движат кон север, пишува весникот „Чајна дејли“.

Ограничувањето на емисијата на штетни гасови во градовите како Анјан и Таншан ќе го намалат тешкиот смог во соседните региони и ќе му помогнат на Пекинг да ја постигне амбициозната цел за оваа година – да ја намали концентрацијата на фините честички ПМ-2,5, кои продираат во белите дробови до 60 микрограма на кубен метар од 73 во 2016 година.

Според Светската здравствена организација (СЗО) безбедната дневна норма на честички ПМ-2,5 во воздухот не смее да биде поголема од 25 микрограма на кубен метар.

Трета година по ред Кина води војна со загадувањето, а главни причини за тоа се автомобилитге и електроцентралите на јаглен.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија