13 загинати во поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија

Од:

Речиси 40.000 лица се погодени од поплавите во централна Индонезија, предизвикани од повеќедневните поројни дождови, а во летувалиштето Бали загинаа 13 лица.

Агенцијата за спречување катастрофи соопшти дека поради непрекинатото врнење дожд во изминатите пет дека, реката на островот Сумбава се излила од коритото и поплави пет подокрузи во провинцијата Нуса Тенгара.

Портпаролот на оваа агенција Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека од поплавите погодени се 40.291 жител, а нивото на водата е од 30 до 70 сантиметри.

Повеќето загрозени се во привремени засолништа во џамии и владини канцеларии, додека 8.000 и натаму се изолирани и се наоѓаат во куќи до кои може да се пријде само со гумени чамци.

– На луѓето им е потребна питка вода, јавна кујна, храна и лекови, додава Нугрухо.

На Бали, ново лизгање на земјиштето усмрти едно лице, со што бројот на жртви е зголемен на 13.

Претходно, 12 лица загинаа во лизгање на земјиштето кои збриша неколку куќи во три планински села во округот Бангли.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници