Лесна победа на Наполи против Џенова

Од:

Полесно од очекувањата фудбалерите на Наполи синоќа славеа победа над Џенова и го задржаа чекорот со лидерот на табелата во Серија А, тимот на Јувентус.

Пјотр Зиелински во 50.минута го отвори резултатот, а победата за домаќините ја потврди Емануеле Џакерини во 68.минута.

За гостинската екипа која веќе осум средби е без триумф не настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој беше на клупата за резерви.

Еден натпревар од 24.коло ќе се одигра вечер од 20:45 часот кога Фиорентина ќе го пречека Удинезе.

Неделната програма ја сочинуваат:
Кротоне – Рома,
Палермо – Аталанта,
Сасуоло – Киево,
Интер – Емполи,
Торино – Пескара,
Сампдорија – Болоња,
Каљари – Јувентус.

Колото ќе биде заокружено в понеделник со дуелот Лацио – Милан.

Табела: Јувентус 57 бода, Наполи 51, Рома 50, Лацио 43, Интер 42, Аталанта 42, Милан 40,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска